Задачи на Здружението “Светски институт за менаџмент Скопје”
-Организирање на професионални,практични и интерактивни семинари и обуки на полето на менаџментот
-Организирање на конференции,научни советувања и форуми
-Реализација на проекти од областа на меѓучовечки односи ,верска толеранција и родова еднаквост
-Активности за унапредување на родовата рамноправност,младинско, женското и социјалното претприемништво
-Презентирање и користење на јавното мислење во рамки на унапредување на европските вредности
-Реализација на проекти за заштита на животната средина, природните убавини, културните добра, културното наследство (материјално и нематеријално), како и традиционалните вредности
-Поттикнување на иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите на Здружението
-Спроведување на заеднички активности и проекти во соработка со организации во земјата , регионот и светот
