Дом на култура во Ѓорче Петров, 03.10.20224
Мотивациски говор “Будење….како да бидеме подобри луѓе”

Во нашиот систем на вредности едукацијата и грижата за најмладите има големо значење. Низата предавања на тема “Вербална и невербална комуникација во детскиот свет” започна од детската градинка Росица во Ѓорче Петров. Фокусот на предавањата беше ставен на значењето на комуникацијата во предучилишното воспитание и образование со посебен акцент на важноста на комуникацијата помеѓу сите учесници: родител-дете-воспитувач



Гимназија С.О.У 28 Ноември-Дебар, Октомври 2023 година , одржано предавање на тема: “Пречки во комуникацијата и превенција на агресија и насилство”
- Детска градинка Брешија-Дебар, Октомври 2023 година: одржано предавање на тема:
“Подобрување на комуникацијата во триаголникот: родител-дете-воспитувач”


Детска градинка Рахилка Гинова-Свети Николе, Ноември 2023 година: одржано предавање на тема : “Развој на комуникациски вештини и намалување на агресијата кај децата”



Ново предавање со нови предизвици. Доказ дека секој еден од нас треба согласно своите можности да даде придонес во создавање подобро утре и подобар свет…Без исклучоци, без изговори и оправдувања. Благодарност до нашиот домаќин детската градинка Гоце Делчев-Виница, декември 2023 година, одржано предавање на тема: “Вербална и невербална комуникација и намалување на агресијата кај децата


Мото на Светски Институт за менаџмент-Скопје е направени дела и реализирани проекти. Детската градинка Гоце Делчев во Илинден ни ги отвори вратите во несекојдневен,предновогодишен абмиент со голема мотивација и подготвеност за стекнување нови знаења и вештини во воспитувањето на најмладите. Мал чекор од сите учесници на патот за создавање подобар свет



